Туристите заглавени на пат кон Грција
Koлони возила со часови чекаат да влезат во Македонија. Но, тоа денеска е отежнато бидејќи на граничниот премин Табановце нема струја па преминот за влез во Македонија не работи.
Нервозни возачи со часови чекаат на жешкото време во автомобилите да влезат во Македонија а оттаму да продолжат на годишен одмор во Грција.
Но, има и такви кои заминаа на прошетка во Врање за да го искористат неработиот ден во нашата земја.