Внимавајте: Времен режим на сообраќај на патот Маврови Анови – Жировница во следните 45 денови 

Почнувајќи од 14 јуни 2022 година во наредните 45 дена од 10 до 14 часот  ќе се воспостави времен режим на сообраќај на регионалниот пат Маврови Анови – Жировница поради асфалтирање на делницата.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, согласно одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски, ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

-Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштвото за градежништво Пелагонија АД, Гостивар, се наведува во соопштението на АМСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons