„Студенски отпор“: Нема да отстапиме од протестите како чин за искажување револт ако не се исполнат сите барања

„Беше најавен масовен протест пред МОН со цел да го изразиме големото незадоволство од немањето на слух за нашите барања. Овој протест требаше да е организиран од УСС при УКИМ, но сведоци сме дека на различен начин омилениот студент на Власта се обидува да го откаже истиот протест, притоа посочувајќи дека можеби е решен проблемот со ретроактивна исплата на разликата во стипендиите“ соопштија денеска од „Студентски отпор“.

Оттаму потенцираат дека „нема да отстапат од протестите како чин за да го искажат својот револт доколку не се исполнат сите барања“.

„Ние како студенти покрај ова, имаме и други наши барања кои не се реализирани:
– Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела;
– Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);
– Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари;
– Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите;
– Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;
– Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;
– Стипендирање на студентите на втор циклус студии;
-Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети
– Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ“ се вели во соопштението на „Студентски отпор“.

Порачуваат – „доколку и понатаму се нема слух за барањата на студентите ќе преземеме сериозни чекори, како што се масовни демонстрации на клучни крстосници во градовите, бојкотирање на настава и слично“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons