Стојанче насмеан на пресудата, доби затвор од 12 години оти ја тепал Ивана и ја навел на самоубиство
„Седни Стојанче, има време и за тебе“, му рече судијата Ивица Стефановски на обвинетиот пред изрекување на пресудата во Основниот кривичен суд Скопје во кој тој одговара за телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. За овие кривични дела денес првостепениот суд го осуди обвинетиот на единствена казна затвор во траење на 12 години.
Како што посочи судијата Стефановски, обвинетиот ја навел Ивана до тешка психичка состојба од која таа гледала излез, па си го одзела животот скокајќи со ќерката во раце, при што настанал раскин на мозокот и престанок на сите витални функции од падот од кој и двете починаа.



