МагазинНајново

Сонце, магла и дожд ќе се менуваат во текот на денот

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди и со услови за појава на магла во одделни котлини, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежи од дожд најпрво се очекуваат во западните делови од земјава, а попладне и кон крајот на денот ќе ја зафатат целата територија. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот се очекуваат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons