Пукање во скопско попладнево, луѓе се пресметувале со калашникови
Пукање доцна попладнево ги вознемирило жителите на Визбегово. Според првичните информации, еден човек е ранет во престрелката која се случила нешто по 17 часот.
„А.Б. пријавил дека во Визбегово кон него пукал И.А. и го повредил“, кусо велат од МВР.
Претпладнево, пак, пукање имало и во селото Батинци.
„Денеска (09.05.2023) околу 11.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Е.Ч. (28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава денеска околу 11 часот дека во с.Батинци било пукано кон Н.М., кој е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош“, пишува во полицискиот билтен.