(Фото) Вучиќ прикажа сегменти од снимката која момчето-убиец ја гледало пред масакрот 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостувајќи во емисијата „Кирилица“ на Хепи Телевизија каде зборуваше за двете трагедии што се случија во Србија. На почетокот на емисијата, тој коментираше за објавата на опозициски активист на Твитер, кој напиша дека Вучиќ побегнал од земјата.

Вучиќ во емисијата прикажа видео од Јутјуб за кое се верува дека е инспирација момчето-убиец, а е најдена при вештачење на неговиот телефон. На видеото се гледа млад човек кој поради „напади и закани од хејтери“ почнува да ги убива своите врсници со снајпер и пиштол. Ова се сегменти од морбидната снимка од ‘Јутуб’.

– Детето убиец му било следбеник на ова момче. Тоа видео го избришале по извесно време, но полицијата и БИА го пронајдоа. Тешко е да се најде причинско-последична врска, но момчето убиец го погледнало ова видео. Сега се поставува прашањето, како да ја регулираме оваа содржина? Овие момци заработуваат пари од тоа. Со насилство и закани може да заработи пари. Нашите деца го гледаат ова. Тоа го кажав како татко, не како претседател. Децата гледаат социјални мрежи, играат чудни игри и имаа многу такви работи на ‘Јутуб’.

Претседателот се осврна и на коментарите за поддршка на момчето убиец кои кружеа на социјалните мрежи.

-На мрежите се пишуваа страшни работи за Коста како „Браво Коста, ти ќе излезеш, а тие нема“. Тоа го направија поради бројот на прегледи. Очигледно децата знаат што носат овие прегледи. Гледате дека нема емпатија, едноставно не разбирате како е можно тоа да постои – рече Вучиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons