Македонија

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог-закон: Пратеник да може да биде лице кое поседува само македонско државјанство

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предлага воведување услов за пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство.

Иницијативата, објавена од пратеникот Антонијо Милошоски, е поднесена по скратена постапка, а ја потпишуваат и пратениците Никола Мицевски, Бојан Стојаноски, Марија Петрушевска и Игор Здравковски.

Со предложените измени, покрај постојните услови за избор на пратеник – полнолетство, деловна способност и неосудуваност – се додава и нов критериум кој предвидува кандидатите да бидат државјани само на Република Северна Македонија.

Во текстот на законот се наведува дека целта е да се зајакне интегритетот на функцијата пратеник и да се обезбеди целосна лојалност кон државата. Дополнително, се предвидува усогласување на одредбите со Изборниот законик во рок од 30 дена од стапување на сила на измените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons