Одредени салите и распоредот, еве каде ќе игра Македонија на СП во училишен ракомет во Скопје
По одржаниот технички состанок за Светско училишно првенство во ракомет, официјализирани се термините, распоредот и салите во кои ќе се играат натпреварите.
Машката селекција на Македонија, предводена од Горан Кузманоски, ќе настапи во салата „Македонско Сонце“, каде ќе ги одигра натпреварите против Бугарија, Грузија, Саудиска Арабија и Република Српска.
Распоред:
22 април – Македонија – Бугарија (10:30)
23 април – Грузија – Македонија (08:30)
24 април – Република Српска – Македонија (10:30)
26 април – Саудиска Арабија – Македонија (12:30)
Женската репрезентација, под водство на Даниела Новеска, ќе игра во салата „Крсте Мисирков“ против Белгија, Грузија и Словачка.
Распоред:
22 април – Белгија – Македонија (10:30)
23 април – Грузија – Македонија (10:30)
24 април – Македонија – Словачка (10:30)



