Спорт

Познати се учесниците на завршниот турнир Торино, ќе има четворица дебитанти

Комплетиран е списокот на осумте тенисери кои ќе се борат за трофејот на завршниот АТП турнир во Торино. Последните дилеми беа разрешени по четвртфиналните натпревари на Мастерсот во Париз, каде што беше познат и последниот патник.

Местото го обезбеди Шпанецот Рафаел Ходар, кому му одеше во прилог победата на Карлос Алкараз над Тејлор Фриц. Американскиот тенисер имаше можност да се најде меѓу најдобрите осум, но поразот од сонародникот го остави без настап во Торино.

Покрај Ходар, на завршниот турнир ќе учествуваат Александер Зверев, Карлос Алкарас, Бен Шелтон, Данил Медведев, Флавио Коболи, Артур Фис и Френсис Тијафо. Во улога на резерви ќе бидат Алекс де Минор и Тејлор Фриц.

Овогодинешното издание ќе биде посебно за четворица тенисери кои за првпат ќе настапат на завршниот Мастерс. Станува збор за Коболи, Фис, Тијафо и Ходар, чија приказна е особено интересна. Имено, пред само две години Шпанецот на истиот турнир беше спаринг-партнер, додека минатата година се наоѓаше на 166. позиција на светската ранг-листа и сè уште бил студент на Универзитетот во Вирџинија. Сега, за краток период, успеа да стигне до друштвото на осумте најдобри тенисери во сезоната.

На турнирот ќе има и двајца поранешни освојувачи на трофејот. Зверев триумфираше во 2018 и 2021 година, додека Медведев беше најдобар во 2020 година. Германецот во Торино ќе пристигне како прв тенисер на светот, а ова ќе биде негов деветти настап на завршниот турнир.

Натпреварувањето во Торино ќе се игра од 15 до 22 ноември, додека ждрепката за групната фаза е закажана за 12 ноември.





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons