Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност
Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, македонската јавност очекуваше јасна осуда и извинување од официјална Софија.
Наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност.
Од друга страна пак, од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција.
Почитувани граѓани, молкот на Филипче е негов политички избор. Исто како што никогаш не реагира кога од Бугарија се негираат македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата, така и сега избра да премолчи дипломатски скандал без преседан.
Со таквиот однос Филипче испраќа порака дека за него е поважно да не ги наруши односите со своите политички истомисленици во Бугарија, отколку да застане во одбрана на македонските државни интереси.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=_6bHTs1JLOw
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



