Официјално: Миовски е нов играч на шкотскиот Абердин 

Денеска британските медиуми информираа дека Абердин сака да ги обезбеди услугите на македонскиот репрезентативец, а сега стигна и потврда за трансфер.

Бојан Миовски (22) од следната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на Абердин, клуб кој настапува во најсилната шкотска лига.

Шкотите објавија дека нашиот напаѓач потпиша договор на четири години.

– Можеме да потврдиме дека ги договоривме личните услови со Бојан Миовски кој ќе му се придружи на клубот со четиригодишен договор од МТК Будимпешта. Добредојде Бојан во Абердин – стои во објавата на клубот.

Миовски ја заврши сезоната во дресот на унгарскиот МТК со учинок од 31 настап и 10 погодоци. Претходно во кариерата беше дел од екипите на Ренова, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница.

Менаџерот на Абердин, Џим Гудвин е задоволен што ќе има нов играч во неговата екипа.

– Веќе неколку месеци внимателно го следиме Бојан, се боревме за да го обезбедиме играчот. Тој е напаѓач со сите клучни атрибути потребни за успех во шкотската Премиер лига. Тој има темпо, моќ и фантастично движење што му овозможува да добива бројни можности за гол на конзистентна основа – вели Гудвин за клупскиот сајт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons