ОФИЦИЈАЛНО: МВР со детали за средношколецот кој беше пронајден мртов пред зграда во Скопје
Средношколец од скопската гимназија „Георги Димитров“ бил пронајден починат, а веста на социјалните мрежи вчера ја објави професорката Виолета Ачковска, по што побаравме детали од МВР.
– На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т.(18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина, информира МВР за „Скопје Инфо“.