МакедонијаНајново

Осуденик за првпат во Македонија доби свидетелство за средно образование во затвор

Од Управата за извршување на санкции велат дека  се работи за „историски чекор напред во ресоцијализацијата и образованието зад затворските решетки“.

Осуденик во затворот Струмица денеска доби официјално свидетелство за завршено средно образование во рамките на затворската управа, што е прв ваков случај во државата, соопштија од  Управата за извршување на санкции. Оттаму велат дека  се работи за „историски чекор напред во ресоцијализацијата и образованието зад затворските решетки“.

„За првпат во историјата на државата, на осудено лице му е доделено официјално свидетелство за завршено средно образование во рамките на затворска установа. Осуденото лице Д. Т. успешно ја заврши првата година од средното образование во ДСУ „Никола Карев“ – Струмица со добар успех. Ова не е само обичен документ – ова е круна на заедничкиот заложби, силниот институционален капацитет на КПУ Затвор Струмица и нашата непоколеблива визија дека вистинската ресоцијализација е можна само преку едукација, знаење и вистински општествени вредности“ соопштија од Управата.

Оттаму додаваат дека школувањето на осуденикот продолжува со „силно темпо“ сè до неговото конечно дипломирање.

КПУ Затвор Струмица продолжува да поставува нови, повисоки стандарди, докажувајќи дека со ред, дисциплина и јасна визија, ги менуваме човечките судбини на подобро и градиме побезбедно општество за сите, велат од струмичкиот затвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons