МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Филипче да престане да води политика во корист на Бугарија, а на штета на Македонија

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор.

Од Бугарија се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДС предводени токму од Венко Филипче, кои за власт би ги распродале и државните интереси.

Проблемот кај оваа мала група на политичари како Венко Филипче кој е и уценет од Бугарија, е што води иста политика која е на иста линија со Румен Радев и со тамошните власти. Филипче води штетна политика која нанесува огромна штета на Македонија, но исто така му штети и нему, а и на СДС.

И додека поранешни негови соработници велат дека не треба секој ден да излегува на прес-конференции и да бара уставни измени бидејќи со тоа покажува колку е тој очаен и безидеен, уценетиот Венко Филипче пак и денес со сигурност ќе излезе на прес-конференција и ќе рече дека уставните измени се решението и веќе утре сме дел од ЕУ.

Почитувани граѓани,

На Бугарија не и се брза, тие декади чекаа да дојде некој како Зоран Заев, па не им е проблем повторно да чекаат некој сличен во случајот како Венко Филипче.

Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons