НајновоСвет

ОН: Земјотресот во Турција е најсилниот од 1939 година

Обединетите нации соопштија дека земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Турција е најсилниот во таа држава во повеќе од 80 години.

„Ова е најсилниот земјотрес регистриран во Турција од 1939 година“, се вели во извештајот објавен од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA).

Во извештајот се наведува дека тимовите за одговор при итни случаи од Обединетите нации за проценка и координација при катастрофи (UNDAC), Меѓународната советодавна група за пребарување и спасување (ИНСАРАГ) и тимовите за итна медицинска помош на Светската здравствена организација (ЕМТ) се мобилизирани во Турција за да помогнат во хуманитарниот одговор.

„ОН и партнерите внимателно ја следат ситуацијата на теренот и работат на мобилизирање ресурси за итни случаи во регионот“, се наведува во извештајот.

Турција вчера беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени. Околу 4.900 луѓе загинаа во серијата земјотреси во Турција и Сирија, додека неколку илјади беа повредени и останаа без покрив над главата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons