Од полноќ поевтинуваат горивата
Со одлука на Регулаторна комисија за енергетика, од полноќ ќе поевтинат горивата.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.
ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1,5 денар, и ќе изнесува 77 денари по литар. За 1,5 денари се намалува и ЕУРОСУПЕР 98+ и ќе изнесува 77,5 денари.
Поевтинува и цената на мазутот, и од утре ќе се продава по 43 денари, додека екстралесното масло за домаќинство исто така поевтинува за 1 денар, и од утре ќе изнесува 68 денари.