ПУТИН САКА ДА ГО ИЗБРИШЕ УКРАИНСКИОТ НАРОД: Сенатот донесе резолуција за признавање на геноцид

Во Сенатот на САД е донесена резолуција според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.

Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид. 

„Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област“, изјави Раш. 

Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“.

Додаде дека „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“. 

Резолуцијата поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“. 

Се врши притисок Русија да ја плати штетата која ја предизвика во Украина. 

Украина има два услови за прекин на војната. 

Сепак, рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија не ја почнала оваа војна. 

Во меѓувреме, во Доњецк загина проруската политичарка Марија Пирогова. Таа настрада при украинско гранатирање. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons