Облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и дневни температури од 24 до 33 Целзиусови степени. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и днвени температури од 25 до 33 степени. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.



