МагазинНајново

Ноември носи голем пресврт во времето: По дождливите денови следува заладување, температурите ќе паднат и до -3 степени

Променливо време со повремени врнежи од дожд, а потоа и значително заладување со утрински температури под нулата, нè очекува во текот на ноември. Според долгорочните временски прогнози за Скопје, втората половина од месецот ќе донесе вистински зимски температури, особено во утринските часови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови од земјата ќе има услови за локален дожд, а на повисоките планини и за слаб снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат од -2 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат од 9 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево, а во вечерните часови ќе има услови за локален дожд. Температурата ќе се движи од -1 до 15 степени.

Во понеделник се очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од вторник следува стабилизирање, со променлива облачност, додека во петок повторно ќе има услови за слаб локален дожд.

Што нè очекува во втората половина од ноември?

Според долгорочната прогноза за Скопје, од 15 до 20 ноември дневните температури ќе се движат меѓу 13 и 14 степени, а утринските меѓу 5 и 7 степени.

Во овој период се предвидуваат и неколку дождливи денови, особено на 17, 19 и 20 ноември, додека во останатите денови ќе преовладува променлива облачност со сончеви периоди.

Позначително заладување се најавува од 21 ноември, кога максималната дневна температура во Скопје би можела да се спушти на само 6 степени, а минималната до -3 степени.

Слични температури се прогнозираат и во следните денови. Од 22 до 25 ноември дневните максимуми ќе се движат меѓу 5 и 6 степени, додека во утринските часови температурите повторно би можеле да се спуштаат до -3 степени.

И покрај студените утра, во овој период се очекуваат претежно сончеви или делумно облачни денови.

Кон крајот на ноември се предвидува благо покачување на дневните температури, кои од 26 до 30 ноември би се движеле меѓу 8 и 9 степени. Утринските температури и понатаму ќе останат ниски, а за 30 ноември се најавуваат и врнежи од дожд.

Според истата долгорочна прогноза, почетокот на декември би донел променливо облачно време со повремени врнежи, дневни температури од 7 до 9 степени и утрински вредности околу нулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons