Спорт

Нејмар под знак прашалник и за вториот натпревар на Мундијалот

Бразилската репрезентација и натаму е во исчекување на враќањето на Нејмар, кој повторно беше подложен на медицински прегледи поради повредата на десниот лист.

Иако дел од медиумите најавуваа дека искусниот напаѓач би можел да им се приклучи на соиграчите на тренинг пред натпреварот со Хаити, фудбалерот на Сантос мораше на дополнителни испитувања во локална клиника.

Бразилската фудбалска конфедерација засега не ги објави резултатите од прегледите, па останува неизвесно кога 34-годишниот напаѓач ќе биде подготвен за настап. Нејмар се повреди на 17 мај на натпревар за Сантос и оттогаш нема одработено ниту еден комплетен тренинг со репрезентацијата, која се подготвува во Њу Џерси.

Бразилските медиуми пренесуваат дека лекарскиот тим се надева оти Нејмар ќе биде подготвен барем за нокаут-фазата на Светското првенство.

„Кариоките“ во првото коло ремизираа со Мароко (1-1), а следниот натпревар го играат на 20 јуни против Хаити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons