Надал: Можеби за два месеци ќе кажам дека е време за пензија

Рафаел Надал по пауза од две години се врати на Ролан Гарос каде 14 пати го креваше шампионскиот пехар, но експресно е елиминиран во првото коло.

Подобар од него беше Александер Зверев кој славеше во три сета и тоа со 6:3,7:6,6:3. Надал најверојатно го одигра последниот меч на Ролан Гарос, но по мечот, тој не сакаше да ги потврди овие информации на медиумите.

„Ви благодарам, тешко ми е да зборувам во овие моменти. Ова би можело да биде последен пат да бидам пред вас, но не сум 100 отсто сигурен во тоа. Чувството кое го имав денеска тешко е да се искаже со зборови. Ја чувствував љубовта на местото кое највеќе го сакам. Тешко ми е да кажам што ми носи иднината. Голема е веројатноста дека повеќе нема да се враќам на Ролан Гарос, но… За два месеци можеби ќе кажам „доста е“, но се уште го немам тоа чувство. Направив многу убави работи на овој терен, тоа беше прекрасен процес, спомени, секоја година беше поинаква, специјална“, изјави меѓу другото Надал.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons