Меси урна негативен рекорд во првите 15 минути од финалето на СП
Лео Меси беше клучниот фудбалер на Аргентина на патот до големото финале, но мечот за пехарот го почна со негативен рекорд.
Прецизната статистика, објавена од „Опта“, открива дека Меси имал само еден допир со топката во првите 15 минути од финалето. Тој единствен контакт се случил токму на почетокот, кога ја изведе топката од центарот.
Вакво нешто првпат му се случува на Меси во кариерата.
Првото полувреме го заврши со 15 допири со топката, единствен кој имаше помалку беше Хулијан Алварез, осум.



