Манасиевски: Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија и дека нема проблем да бидеме „северномакедонци’’
Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија.
Пиунот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани северномакедонци.
Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти кои не нарекуваат „северномакедонци’’.
Филипче е главниот лобист на Бугарија во Македонија за внесување на Бугарите во уставот, а потоа и за менување на идентитетот, јазикот, културата и историјата.
И кога мислевме дека не може подолу, Филипче повторно вели, зошто да не ги внесеме Бугарите во уставот, кога тоа не е никаков ризик, ниту пак го загрозува нашиот идентитет. Сето ова, додека бугарската министерка Петрова Чамова вели дека сме „северномакедонци’’.
Филипче и натаму останува единствениот политичар во Македонија, кој е најгласен за уставните измени. Филипче треба да одговори, а не да молчи, со што е уценет од група на бугарски политичари за да води ваква антидржавна политика?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



