Актуелно

Мицкоски: Целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата 8-ми Септември

Јас можам само да се придружам на тоа што претходните говорници веќе го кажаа. Навистина, ова што денеска го гледаме тука, а во периодот кој што следи, нели, има одредени формални процедури коишто ќе треба да се запазат, а тоа е целосно дезинфицирање на објектот, вклучително и обука на вработените со новата опрема којашто веќе е инсталирана, за да можеме конечно, да почнеме како јавно здравство, да прифаќаме пациенти коишто понатаму ќе бидат третирани. Така што, отприлика уште месец до два ќе имаме тука одредени активности.
 
Она кое што сакам исто така да го кажам, а коешто можеби е значајно да се каже, е дека пред да се случи оваа реконструкција на овој објект, во овие операциони сали се влегуваше со чадор. Сигурно ќе поставите прашањето: Како со чадор? Кога врнеше, прокиснуваше, односно кровот течеше. Тоа што вие сега не можете да го видите, а коешто исто така опфаќа дел од оваа реконструкција, е целосното реконструирање на кровната конструкција, каде што се сместени клима-коморите коишто обезбедуваат третиран воздух, кондициониран со сите параметри — физички, влажност, чистота, притисок итн. Но, исто така, и оној дел каде што се практично сместени и чилерите и другата електромеханичка опрема, којашто е во подножјето на објектот.
 
Кога сето тоа ќе се заокружи, ќе ја добиеме целината којашто претставува навистина нешто модерно, современо и коешто во регионот не постои, без разлика дали станува збор за јавно или приватно здравство, и нешто за коешто ние треба, како граѓани, да се гордееме, бидејќи го имаме денеска во јавното здравство.
 
Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на директорот на болницата, којшто цело време беше вклучен во реализацијата на проектот, да се заблагодарам на моите колеги од Владата, на директорот на Фондот за здравствено осигурување, да се заблагодарам на генералниот секретар на Владата, којшто исто така беше целосно вклучен од името на нашиот Кабинет, во реализацијата на овој проект. Да се заблагодарам на ТАВ, и нормално, да се заблагодарам на вработените, медицинските работници, коишто имаат трпение да сето ова да биде завршено и да изгледа вака како што изгледа.
 
Им посакувам да го користат што помалку — тоа значи што помалку пациенти. Но тие пациенти, коишто ќе имаат потреба од медицинска нега и од интервенција на медицинските работници, лекарите, да се чувствуваат комотно, да се чувствуваат пристојно овде во овие реновирани простории.
 
Да се заблагодарам и на вас, медиумите, што денеска во волкав број дојдовте. Продолжуваме и понатаму да ги реализираме оние проекти коишто цениме дека се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните. Еден од тие проекти е и овој.
 
Продолжуваме и понатаму, во периодот кој што следи, заедно со вас ќе присуствуваме и на други проекти коишто се во фаза на реализација или веќе ќе бидат привршени.
 
Така што, уште еднаш, благодарност до сите коишто учествуваа во реализацијата на овој значаен проект за македонското здравство, а и за регионот, би рекол, бидејќи вакви услови северно би рекол до Виена немаме. Така што, уште еднаш, ви благодарам и на вас.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons