Спорт

Македонци ќе му судат вечерва на клупскиот светски шампион во ракомет

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија ново значајно признание на меѓународната сцена, откако беа делегирани за натпревар од ракометната Лига на шампионите меѓу Порто и Веспрем.

Македонската судиска двојка ќе ја дели правдата на дуелот меѓу португалскиот претставник и унгарскиот гигант Веспрем, клуб кој со години е меѓу водечките сили во европскиот ракомет и актуелен светски клупски шампион.

Ова назначување претставува уште една потврда за квалитетот на Митревски и Тодоровски, но и за угледот што македонското ракометно судење го ужива на меѓународно ниво.

Натпреварот меѓу Порто и Веспрем е закажан за 28 октомври, а ќе се одигра во Португалија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons