Македонија со гол во последните секунди ја победи Португалија
Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години ја победи Португалија во меч со исклучително драматичен финиш, дадовме гол во последните секунди за триумф од 26-25 и ќе се бориме за 10. место на шампионатот.
Македонските ракометни надежи забележаа четврта победа по ред на Европското првенство до 18 години кое се одржува во Белград.
По трите порази во групната фаза, Македонија е перфектна во мечевите за разигрување за пласман.
Денеска водевме во текот на целиот меч, но малку фалеше да го прокоцкаме тоа. Португалците израмнија на 25-25 и имаа напад за водство. Не реализираа, ние дадовме гол на осум секунди до крајот и победивме со 26-25, Костов беше стрелец на победничкиот гол.
Дамчевски седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Поповски и Костов постигнаа по четири погодоци.
Мечот за девето место го играме во недела, противник ќе ни биде победникот од дуелот меѓу Австрија и Израел.



