„ЛОШИ ВЕСТИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА Visa и Mastercard“: се воведуваат промени
Visa и MasterCard планираат да ги зголемат надоместоците што трговците ги плаќаат за прифаќање на платежни трансакции, пишува Б92.
Се очекува таксите да се зголемат во октомври и април, известува WSJ, цитирајќи информирани извори и документи што ги имале на увид.
Многу од зголемувањата се однесуваат на онлајн купувањето, забележува американскиот деловен весник.
Visa и Mastercard не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на веста.
Трговците плаќаат провизија на банките што издаваат картички за секоја трансакција, а зголемувањето обично се пренесува на клиентите, предупредуваат регулаторите.