МакедонијаНајново

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско

МВР објави дека е уапсен возачот кој со товарно возило во сообраќајна несреќа го усмрти 89-годишен жител на Росоман.

Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена во ОВР Кавадарци вчера 18:05 часот, кога товарно возило „сканија“ со приколка и кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ. (89).

„На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријав“, објави МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons