Македонија

Лекот „Фостер“ од август без доплата – „Ксарелто“ со партиципација од 160 денари од јануари

Лекот „фостер“, инхалациска терапија за астма и за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се очекува од 1 август да биде достапен во аптеките без доплата и со партиципација од 280 денари, а за антикоагулансот „ксарелто“ (ривароксабанот) од 1 јануари ќе се плаќа партиципација од само 160 денари. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тој посочи дека има два начина за да се влијае на цената на лековите односно да се намали нивната цена – првиот начин е воведување на позитивната листа при што преговара со лекот што е воведен на позитивната листа да воведувањето на позитивната листа да биде пониска цена, бидејќи тоа е пристап до државни субвенции во енговата продажба, а вториот начин е воведување генеричка конкуренција што е препорачано од Светската здравствена организација.

Ако има еден бренд достапен на позитивната листа, појасни тој, мотивот на таа фармацевтска куќа да ја намали цената е многу мал, а воведувањето конкренција помага да се намали таа цена бидејќи влезот на конкуренцијата е треба да е по пониска цена.

– Минатиот период имавме два такви примери. Последниот пример е со ривароксабанот (ксарелто) кој чинеше 2.200 денари претходно и беше поскап отколку во соседните земји и многу граѓани од таму го купуваа. Со ставањето на позитивната листа до Нова година неговата цена ќе биде преполовена и ќе биде поевтин отколку во Косово. Од 1 јануари партиципацијата ќе изнесува само 160 денари. Вториот пример фостерот, инхалациска терапија за астма и за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Овој лек беше единствен на пазарот, беше оригинатор. Кога поминаа патентните заштити се јави генеричкиот лек „блоцета“, произведен во ЕУ и неговиот влез на позитивната листа беше по многу пониска цена. Референтната цена во оваа категорија на лекови од 2.715 денари со ДДВ се намали на 1.915 денари односно цели 800 денари, рече Клековски.

Ова значи дека обезбедивме лек „блоцета“ без доплата за корисниците, истакна Клековски и додаде дека истовремено направиле притисокот производителот на оргинаторот „фостер“ (генеричко име формотерол/беклометазон).

– Во тринеделна комуникација производителот на „фостер“ вчера достави соопштение дека прифаќа да биде во продажба во аптеките во Македонија по новата пониска референтна цена од 1.915 денари што значи лекот ќе биде достапен без доплата за граѓаните само со партиципација која ќе биде 20 денари пониска и ќе биде 280 денари. Ова цена ќе стапи во сила по исцрпување на веќе доставените количини на лекот во аптеките. Очекувам дека од 1 август „фостер“ ќе биде достапен без доплата. „Блоцета“ е веќе достапна во аптеките без доплата, истакна Клековски.

Тој посочи дека тие околу 50 милиони денари само со тоа намалување од 800 денари на референтната цена што ја има кај „фостерот“ нема да ги употребат за купување автомобили, туку ќе ги употребат до Нова година да воведат лек од најнова генерација за истата категорија на пациенти за астма и ХОББ.

Според него, промената на цените во овие категории доведува до отпор, значи ако се преполови цената се преполовуваат добивките на фармацевтските куќи, меѓутоа се преполовуваат и маржите во малопродажбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons