Лани потрошени околу 178 милиони евра за лекови на рецепт
Околу 178 милиони евра или приближно 11 милијарди денари се потрошени за лекови на позитивната листа, а за две години сумата за лековите платени од Фондот за здравствено осигурување се зголемила за една третина, изјави денеска директорот на Фондот, Сашо Клековски.



