Спорт

Лазаров го објави списокот за стартот на квалификациите за ЕП

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави конечниот список на ракометари за престојната ЕХФ недела во која ги почнуваме квалификациите за Европското првенство.

Македонија го пречекува Луксембург на 4 ноември од 19 часот во Скопје, а потоа гостува на Грција на 8 ноември од 16 часот. Со овие два меча ќе тргнеме на патот кон Европското првенство.

Селекторот Лазаров денеска го објави конечниот список, на него има 18 ракометари плус седум резерви.

Деби повик има Дмитро Хориха кој се приклучува на македонската репрезентација. На списокот го нема Жарко Пешевски, а Никола Митревски е меѓу резервите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons