МакедонијаНајновоПолитика

Ковачки: Заедно испишавме уште една значајна страница од нашата историја, 36 години ВМРО-ДПМНЕ – посветеност, единство и доверба


Почитувани новинари, драги браќа и сестри, 

Вчера, по повод одбележувањето на 36 години од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, имавме чест и задоволство да бидеме заедно со десетици илјади граѓани кои со своето присуство дадоа силна поддршка и испратија порака на единство и заедништво.

Искрено им благодариме на сите кои беа дел од овој значаен настан. Вашата доверба и поддршка се нашата најголема сила и мотив уште поодлучно да продолжиме да работиме за напредокот на Македонија.

Во изминативе 36 години се соочивме со бројни предизвици, тешки моменти, неправди и разочарувања. Но секогаш кога некој мислеше дека сме ослабени, ние станувавме уште посилни. Токму вие, народот и граѓаните бевте и останувате нашата најголема поддршка и двигател на нашата истрајност.

Идејата на ВМРО, поставена пред 133 години, живее и денес, затоа што 36 години ВМРО-ДПМНЕ е политичка организација создадена од народот и за народот. Затоа ниту еден предизвик, ниту еден напад, нема да може да ја поколеба нашата решеност да работиме во интерес на државата и на граѓаните.

Вчера ja  прославивме истрајноста, вербата, надежта и љубовта кон Македонија. Вредностите и идеалите на ВМРО остануваат автентични, македонски и цврсто втемелени во стремежот за просперитетна и успешна држава.

ВМРО-ДПМНЕ за две години власт направи многу. Од историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции, до силен инвестициски циклус во инфраструктурата. Во моментов се реализираат шест нови автопатски решенија кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а се предвидени и 10 милијарди евра капитални инвестиции во наредните десет години за нови автопати, експресни патишта, железничка инфраструктура и обнова на постојните капацитети. 

Градиме и обновуваме студентски домови, даваме ваучери за електронски уреди, создаваме услови младите да започнат сопствен бизнис и својата иднина да ја градат дома. Ги зголемивме платите и пензиите, работиме на силна економија, а седум квартали по ред бележиме економски раст од над 3 проценти. 

Градиме нови градинки, училишта, патишта, здравствени установи, спортски сали, а се тоа додека враќаме стари долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема да води политика на попустливост кога станува збор за националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога на граѓаните им беа потребни конкретни решенија, стабилност и надеж. Наместо празни ветувања, неизвесност, разочараност денеска имаме развој, иднина, надеж, проекти и конкретни мерки.

Со пораката „Македонија забрзува, наша обврска“, остануваме целосно посветени на иднината на државата и на подобрувањето на квалитетот на животот на секој граѓанин. Продолжуваме да работиме за посилна економија, повисок животен стандард, нови можности за младите и модерна Македонија која достоинствено чекори кон својата европска иднина.

Ви благодариме што сте дел од оваа заедничка приказна и што заеднички ја градиме иднината на Македонија.

Македонија се исправува чекор по чекор. Сега е време да забрза. Тоа е нашата обврска.

Линк од видео материјал: 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons