МакедонијаНајново

Камионџиите од Западен Балкан утре на средба во Скопје, ќе бараат решение за проблемот со Шенген

Превозниците од Западен Балкан утре во Скопје ќе бараат решение за проблемот со престојот на професионалните возачи во шенген-зоната. На регионалната средба ќе учествуваат претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Ова е првпат ваква средба да се одржи во Македонија, а главната тема ќе биде ограничувањето на престојот на професионалните возачи на 90 дена во период од 180 дена.

Превозниците од Западен Балкан бараат професионалните возачи да бидат изземени од ова правило, бидејќи поради природата на нивната работа често мораат да поминуваат подолги периоди во земјите од шенген-зоната.

-Проблемот сè уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности- изјави за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.

Превозниците веќе испратиле писмо до Европската Унија со барање за директна средба и решение за професионалните возачи од Западен Балкан. На утрешната средба во Скопје треба да се утврдат следните чекори и заедничката стратегија со која регионалните превозници ќе настапат пред европските институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons