Магазин

Истанбул: Откриени 9 километри подземни тунели под Света Софија

Турските власти работат на расчистување на подземните премини на Света Софија со цел да се отворат безбедни делови од комплексот за туристите.

Турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, објави дека е откриена широка мрежа од подземни тунели што се протегаат во должина до 9 километри под Света Софија во Истанбул, пренесува новинската агенција Ортодоксија.

Министерот изјави дека се во тек обемни работи за реставрација на Света Софија, истакнувајќи дека активностите не се ограничени само на видливите делови, туку опфаќаат и делови од градбата сместени под нивото на морето, кои инаку се недостапни за посетителите.

Надлежните работат на отстранување на наталожената земја и тиња од подземните премини, го следат нивото на влажност и се грижат за структурната стабилност на комплексот. Стручњаците во одредени делови веќе постигнаа значителен напредок во расчистувањето на урнатите делови кои претходно го блокираа преминот.

Министерот истакна дека подземните структури под ова архитектонско здание досега биле недостапни за пошироката јавност.

„Доколку е изводливо, значаен подземен дел од Света Софија – кој во моментов е затворен за посетители – би можел да биде отворен за јавноста“, изјави Мехмет Нури Ерсој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons