Земјотрес почуствуван во делови од Македонија – епицентарот во соседството
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 52 минути бил почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Албанија, на околу 144 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од жителите на градот Струга и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Оттаму објавија карта со локација од епицентарот на земјотресот.




