Македонија

Започна исплатата за МојДДВ: УЈП исплаќа 836 милиони денари на граѓаните

ПРОВЕРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ СМЕТКИ – ВО ТЕК Е ИСПЛАТАТА НА МОЈДДВ!

Започна исплатата на средствата за скенираните фискални сметки за првото тримесечје од 2026 година. Исплатата се врши етапно, согласно обработката на налозите.

Кон 528.447 корисници ќе бидат исплатени близу 836 милиони денари.

Кај 4.968 корисници е утврден неточен податок за трансакциска сметка, поради што исплатата не може да се реализира се додека податоците не се коригираат.

Кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, па средствата ќе бидат префрлени и исплатени во следниот квартал.

Доколку сеуште немате добиено средства од претходни или тековни исплати, проверете ги податоците за вашата трансакциска сметка во апликацијата МојДДВ. Со точни податоци, исплатата ќе може непречено да се реализира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons