Крај на една неверојатна серија на Роналдо која траеше 18 години
Полека се ближи крајот на фудбалската кариера на Кристијано Роналдо, доказ за тоа е и завршувањето на една негова серија која траеше од 15 јуни 2008 година.
На вчерашниот натпревар меѓу Норвешка и Португалија, Кристијано Роналдо не влезе во игра, целиот меч го преседе на клупата.
Со тоа беше прекината една неверојатна серија која траеше 6.678 дена.
Последен пат Роналдо да бил во записникот на еден меч за португалската репрезентација, а да не влезе во игра се случило на 15 јуни 2008 година на ЕП против Швајцарија.
Оттогаш Роналдо постојано е на теренот кога се во прашање мечевите на Португалија.
Селекторот беше брутално искрен, па кажа дека причината не е за да му ја сочува енергијата за следните натпревари.
„Размислував да го ставам Кристијано во игра, но потоа натпреварот диктираше други одлуки“, вели Жесус.
„Чувствував дека не е вистинско време да го ставам во игра, има уште два натпревари, но не беше поради тоа да го зачувам физички. Тој беше подготвен“.



