ЕХФ потврди: Вардар се враќа во Лигата на шампионите
Ракометниот клуб Вардар и официјално се враќа во Лигата на шампионите, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) му додели „вајлд-карта“ за настап во најелитното клупско натпреварување.
Македонскиот шампион, кој со враќањето на домашниот трон обезбеди место во Европската лига, поднесе барање за унапредување во Лигата на шампионите. ЕХФ очекувано го прифати тоа барање и го вклучија Вардар меѓу учесниците во елитата за сезоната 2026/27.
За двократниот европски шампион ова претставува враќање на најголемата сцена по неколкугодишна пауза. Последен пат „црвено-црните“ настапија во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22, кога успешно ја минаа групната фаза, но беа запрени од Веспрем во плеј-офот.
ЕХФ денеска ги потврди специјалните покани за новата сезона, а меѓу клубовите кои добија место во Лигата на шампионите се најде и македонскиот првак.



