Свет

ЕК препорачува целосно укинување на внатрешните гранични проверки помеѓу земјите од Шенген зоната

Според ЕК новите правила на ЕУ ќе ја подобрат безбедноста на надворешните граници на ЕУ и ќе го олеснат следењето на движењата во Шенген зоната. Промените ќе го олеснат идентификувањето кој, кога и каде ја преминал надворешната граница на ЕУ.

Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници.

ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на 12 јуни.

Законодавството на ЕУ дозволува привремено воведување на такви гранични проверки под одредени услови и бара од ЕК да издаде мислење кога проверките траат повеќе од 12 месеци.

Според ЕК новите правила на ЕУ ќе ја подобрат безбедноста на надворешните граници на ЕУ и ќе го олеснат следењето на движењата во Шенген зоната. Промените ќе го олеснат идентификувањето кој, кога и каде ја преминал надворешната граница на ЕУ.

Земјите-членки можат повторно да воведат гранични проверки во случај на сериозна закана по јавниот ред или внатрешната безбедност, се наведува во соопштението на ЕК.

ЕК истакнува дека постојат и други одржливи опции за замена на привременото повторно воведување на внатрешните граници, како што се непостојани полициски проверки и видеонадзор на возила.

Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска воведоа проверки на внатрешните шенгенски граници поради безбедносни проблеми, главно поврзани со миграцијата кон ЕУ во изминатата деценија.  (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons