Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово

Едно лице е приведено по сомнение дека е сторител на убиството во Тетово. Полицијата извршила претреси на три локации во село Гајре, а одземени биле и предмети кои ќе се користат во истрагата.

По издадени наредби од страна на Основен суд Тетово извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на настанот, а во Полициска станица Тетово едно лице е задржано на информативен разговор. Целокупните дејствија се преземаат во координација со надлежното Јавно обвинителство, а во целиот случај од првиот момент се вклучени и полициски службеници од Одделот за крим полиција при БЈБ.

По убиството во Тетово од опозициската СДСМ бараат итно реашавање на случаиите и гаранција за безбедноста на граѓаните. Ја обвинуваат власта дека во последните 6 месеци немало епилог на ниту едно убиство.

Од владејачката ВМРО ДПМНЕ вратија – срамота е СДСМ да говори за клановски пресметки, бидејќи тие се творците – тие ги штитеа, им даваа поддршка и се фотографираа со нив

Разузданите банди и мафијашките пресметки низ Скопје и други места се директно дело на поранешната власт, затоа што истите ги користеа за избори, а после им се оддолжуваа со тоа што им ги отвораа улиците за трговија со дрога. Жива срамота е СДС да се дрзне да говори за вакви пресметки, бидејќи тие се творците на клановите и клановските пресметки по угостителски локали, трговски центри и по улици…им даваа заштита и поддршка, а не изостануваа и фотографии на мафијаши со функционери од власта на СДС и ДУИ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Убиството се случи во петокот околу 20 часот и 30 минути, откако 39 годишен маж беше застрелан додека бил во автомобилот. Кон него било пукано од дрг автомобил во движење.

Засега не се откриваат мотивите за убистгвото, но според неофицијални информации, поврзано е со пукањето во тетовската болница од јануари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons