Еден детаљ открива сè: Ако го забележите ова на доматот, значи дека е полн со пестициди
Веројатно барем еднаш сте застанале пред тезга на пазар и сте се запрашале: Дали овие домати се прскани? Наместо да ја базирате вашата одлука исклучиво на доверба во продавачот, постојат неколку корисни совети за тоа како да препознаете природно одгледувани домати.
Најдобар начин да утврдите дали доматот содржи пестициди е да го пресечете и да го погледнете внатрешниот дел. Доматите третирани со хемикалии често имаат жолтеникави линии и жолт дел во средината на плодот, пренесува Крстарица.
Исто така, обрнете внимание на изгледот на плодот. Ако сите домати се со иста големина, совршено мазни и речиси идентични – многу е веројатно дека не станале такви на природен начин. Избегнувајте и претходно спакувано овошје и зеленчук бидејќи тоа најчесто потекнува од интензивна продукција во која се користат поголеми количини пестициди и други хемикалии.
Од друга страна, ако доматот изгледа малку несовршен – има бразди, неправилности, кафени дамки или необичен облик – постои голема веројатност дека станува збор за природно одгледан плод што не е прскан.



