Дојави за бомби во неколку скопски училишта, МВР вели дека се лажни
Дојави за поставени бомби во неколку скопски училишта денеска биле испратени на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи, а како што соопштија од МВР, полицијата по проверката утврдила дека се работи за лажни дојави за поставени експлозивни направи.
„Денеска (29.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби“ соопшти МВР.



