Македонија

„Добредојде претседателе“, „Добредојде хероју“’, Мицкоски во Туминец на отворање на споменик

Премиерот Христијан Мицкоски денес со транспаренти од локалното население беше дочекан во Туминец, едно од населените места во Мала Преспа, на отворањето на спомен-обележје.

Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, во Туминец,  денес организираат посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај, а во организациониот одбор е и Едмонд Темелко, поранешниот градоначалник на Пустец.

Покрај вечено откривање на споменикот, предвидена е и културно-уметничка програма и традиционален македонски панаѓур. На настанот присуствува и министерот за култура Зоран Љутков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons