Денеска сончево време со умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од минус шест до еден степен, а максималната од осум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), претстои период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Следете нè на Facebook!


This will close in 30 seconds

Show Buttons
Hide Buttons