Две мртви лица пронајдени во Скопје доцна синоќа

Две мртви лица во два одвоени случаи се пронајдени синоќа во Скопје.

На 21.09.2022 во 20.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека дека во куќа на ул.„Кленоец“ во општина Карпош бил пронајден починат О.Д.Х(57) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Маж пронајден починат во Ќерамидница

На 21.09.2022 во 22.50 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека во домот во населба Ќерамидница-Скопје бил пронајден починат М.П.(70) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons