Граѓаните купуваат само неопходни производи и стравуваат од ново зголемување на цените
Граѓаните на колена велат никогаш не било поскапо. Тие се сведоци дека цените секојдневно растат, ништо не е намалено па се принудени да си скратат голем дел од работите велат го купуваат она најнеопходното колку да се прехранат но трошоци има и за сметки и други неопходни работи така што едвај врзуваат крај со крај.
Од март пак следува нов ценовен шок за граѓаните,одлуката цените на дел од прехранбените производи да се продават со гарантирани цени истекува .
Земјоделците посочуваат дека со поскапувањето на препаратите и ѓубривата ќе поскапуваат и цените на овошјето и зеленчукот.
Според, последните податоци на синдикатот на едно четиричлено семејство во месецот за да ги покрие основните трошоци за живот му се потреби речиси 1.000 евра. Колку и да се крати на некои потреби, граѓаните велат дека парите, особено кога доаѓаат како минимално месечно примање, никогаш не стигнуваат.