Спорт

Го обвинија за „местенка“, а Стојчевски со радикална одлука: Повеќе нема да судам, не дозволувам семејството да пати од невистини

Македонскиот фудбалски судија Игор Стојчевски одлучи да се повлече од судењето по критиките во јавноста и, како што наведува, ширењето невистини за него.

Стојчевски беше критикуван по пријателскиот натпревар меѓу младинските репрезентации на Македонија и Русија во Скопје, кој заврши со победа на гостите од 3-2, особено поради досудените пенали.

„Ги информирав претседателот на ФФМ и претседателот на судиската организација, како и комесарот за делегирање дека немам намера повеќе да судам. Сакам да бидам со моето семејство во овие тешки семејни времиња и не сакам да дозволам да страдаат моите најблиски поради невистини и манипулации што се шират во јавноста од осудувани криминалци“, објави Стојчевски на социјалните мрежи.

Неговото повлекување доаѓа во период кога имаше можност за напредок, откако во април годинава беше избран за учесник во програмата на УЕФА за талентирани судии и менторство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons