Вучиќ: Ми приоѓаа да ми честитаат по говорот, два пати сум погледан од Зеленски (ВИДЕО) 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека неговиот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации предизвикал внимание затоа што е поинаков и дека по симнувањето од говорницата му приоѓале шефови на мисиите и му честитале. Вели дека станува збор за едни од најголемите мисии на светот.

Тој се сложи со проценките дека неговиот говор на официјалниот канал на ОН бил двојно покликан од обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Мојот говор предизвика внимание затоа што е поинаков. Затоа што некој кој е мал се осмели да ја каже вистината. Мене синоќа ми приоѓаа шефови на мисиите на некои од најважните земји од светот за да ми честитаат. Тие излегоа од салата за да ме пречекаат во делот зад говорницата, каде ме водеа, за да дојдат да кажат дека ова не го слушнале во последните 10 години.

И на храброста и на сè останато. А јас само го кажав тоа што го мислам“, кажа Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања во Њујорк.

Додаде дека мисли дека со тој говор е направено нешто добро за Србија бидејќи „страсно, а многу аргументирано ја браневме нашата позиција и на секого му покажавме дека не сме шака зоб која можат да ја изедат бидејќи се тие големи, а ние мали“.

Вучиќ истакна дека по говорот „порасна цената на Србија“ и покажал дека можеме да се бориме за своите ставови.

Според него, неговиот говор го расипал наративот на единството за територијалниот интегритет бидејќи потсетил „на нешта на кои многумина не баш радо би се сеќавале“ кога станува збор за зачувување на територијалниот интегритет.

Вучиќ истакна дека токму поради тоа инсистираат што побрзо да се реши косовскиот јазол и дека околу тоа прашање на Србија нема воопшто да ѝ биде лесно.

„Мислам дека доволно добро ги познавам односите во меѓународната заедница и успеав, кажувајќи сè, тоа да остане без јавна критика бидејќи е внимателно биран контекстот, внимателно се бирани зборовите во кои не можете да ги негирате фактите. Јас изнесував факти, а не политички ставови. Некои се многу среќни, некои од најголемите земји во светот се многу среќни. А некои не се среќни. Моето е да работа во интересот на Србија и граѓаните на Србија“, истакна Вучиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons