Вработен во експозитура во банка во Гевгелија украл 150.000 евра од сметки на клиенти
Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, информира денес МВР.
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија за сторено кривично дело „проневера во службата“.
– Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката, објави полицијата.



